Линкови за пристапност

Во Калифорнија конфискувани 25 тони дрога


Ова е рекордна количина на илегална дрога откриена во пацифичкиот регион

Американската крајбрежна гарда заплени рекордна количина на нелегална дрога во пацифичкиот регион.

Крајбрежната гарда на пристаниште во Калифорнија открила 25 тони кокаин што доаѓа од латиноамерикански земји.

Дрогата била конфискувана во период од четири месеци.

Властите велат дека успехот на акцијата делумно се должи на поголемото присуство на надлежни органи во регионот.

XS
SM
MD
LG