Линкови за пристапност

Како да се запре злоупотреба на лекови на рецепта во САД?


Како да се запре злоупотреба на лекови на рецепта во САД?

Како да се запре злоупотреба на лекови на рецепта во САД?

Решението, според стручњаците, е во алтернативни начини за контрола на болката

Во Центарот за рехабилитација во Малибу во близина на Лос Анѓелес локалното население вежба јога и применува други вештини за да се справи со анксиозноста, стресот и хроничната болка. Инструкторката по јога Шенон Скот своевремено била зависник од Ксанакс пилули против анксиозност и Вајкодин, против болка.

„Вајкодин беше стимулас за мене. Го користев овој лек за да почнам да функционирам, додека Ксанкс за баланс, како средство за смирување“, вели Скот.

Американските експерти велат дека труењето со лекови била главната причина за смртност во 2008-та и дека речиси 9 до 10 труења биле причинети од лекови. Таканаречените опојни лекови како морфиум, хидрокодаин и оксикодаин, биле вклучени во преку 40% од труењата со лекови во 2008-та година. Оваа бројка во рок од една деценија тројно се зголеми.

Ова не е ништо ново за судијката Мери Ен Ган.

„Во 1999-та година голем проблем беше метамфетаминот, потоа ракот низ цела држава. Сме го потенцирале тоа и продолжуваме да го потенцираме. Се` повеќе сме сведоци дека луѓето се зависни од лекови што се издаваат на рецепт“, вели судијката.

Специјализирани судови за случаи на лица кои злоупотребуваат вакви лекови, работат со зависниците за да ги упатат во советувалишта и рехабилитација.

Најновите владини податоци покажуваат дека нивото на фаталните труења со лекови било најголемо за луѓе меѓу 45 и 54 години.

Конкретно во Центарот за рехабилитација Малибу, зависниците се обидуват да се ослободат од злото, но не оди така лесно. Експертите велат дека лековите се тие кои всушнот го менуваат целиот хемиски состав на телото.

„Во случај на лековите против болка, телото прекинало да произведува природен одбрамбен механизам за болка и затоа треба да се земат по вештачки пат, со потреба за зголемување на дозата“, вели Џоан Борстен, раководителка на Центарот.

Решението, велат стручњаците, мора да се бара во алтернативни начини за контрола на болката, губење на тежина, физичка активност и физикална терапија и препишување на лекови само за оние кои навистина им се потребни.

XS
SM
MD
LG