Линкови за пристапност

САД во рекордна суша


Континенталниот дел на САД го зафати најшироко распространета суша за последните 56 години.

Американски официјални лица велат дека повеќе од половина од континенталниот дел на САД е во умерена до екстремна суша – што е најраспространета суша во 56 години.

Одделот за земјоделие прогласи природна катастрофа во делови на 26 од долните 48 држави. Метеоролозите велат дека не очекуваат дожд неделава и уште помалку разладување од екстремната жештина што ги пече пченкарните и полињата со соја низ средниот запад на САД.

Пченката што треба да е повисока од фармерите е одвај половина од таа височина, а сојата некаде едноставно престанала да расте. Некои фармери велат дека се плашат и за посевите на тиква и тиквички.

Лошите услови исто така ги зафатија ранчерите во други делови на земјата кои зависат од пченка и сено за исхрана на добитокот.

САД се најголемиот светски одгледувач и извезувач на пченка. Но портпаролот на Американскиот оддел за земјоделие Мат Херикс за Гласот на Америка изјави дека сепак има поздрава пченка во други делови на САД, така што државата ќе биде во состојба да одговори на своите обврски годинава спрема муштериите во странство.
XS
SM
MD
LG