Линкови за пристапност

Има многу прашања за употребата на беспилотните летала, но тие изгледа се овде за да останат

Растечката способност на цивилните беспилотни летала загрижуваат некои поборници за граѓански слободи, кои велат дека овие „очи на небото“, може да дадат премногу информации за обичните луѓе. Но, еден стручњак вели дека овие летала стануваат толку ефтини, што може да и` се вратат како бумеранг на владата и да им овозможат на демонстрантите да ја надгледуваат полицијата.

Аналитичарот на Американската унија за граѓански слободи на Џеј Стенли од Американските граѓански слободи вели дека демонстрантите сметаат дека набљудувањето на полициските активности може ги принуди полицајците да се воздржат од употреба на прекумерна сила:

„Сметаме дека технологијата со разузнавање со беспилотни летала не треба да се користи од владата за надгледување на граѓани ако не се осомничени, но сметаме дека граѓаните може да ја користат за набљудување на владините активности“.

Стенли вели дека многу од новите технологии се закана по приватноста, но владиното „око од небото“ предизвикува загриженост меѓу Американците повеќе од другите активности, кои можеби се исто толку дрски.

„Има голема загриженост во врска со беспилотните летала, како што не сме виделе во изминатите 15 години како поборник на приватноста“, додава тој.

Американските регулатори на авиосообраќајот и некои легислатури на сојузни држави имаат усвоено закони или размислуваат за такви со кои ќе се регулира употребата на беспилотните тоа.

Стенли вели дека за да се заштити приватноста и слободата, треба да се бара од полицијата причина зошто смета дека некој го крши законот пред да почнат да ги следат неговите активности со помош на беспилотно летало.

Но, ветеранот приватен-инспектор Филип Бекнел, вели дека актуелните американски закони кои го опфаќаат шпионирањето од конвенционалните авиони или хеликоптери веројатно се доволни да ги опфатат и операциите со беспилотни летала.

Тоа значи дека ќе биде легално за полицијата да користи беспилотни летала за да забележи илегална фарма за марихуана, но нема да биде легално да ѕирка во нечија соба за спиење.

Сепак, беспилотните летала се скапи и приватни лица не ќе можат толку лесно да дојдат до нив, вели Бекнел.

Добро беспилотно летало чини меѓу 3000 до 4000 долари, и тоа засега е премногу скапо за повеќето приватни инспектори.

Но тоа може да се промени.

Во последно време беспилотните летала добиваат нови работни места. Како доставување пакети, на пример.

Истражувач од Кралското аеронаутично општество во Лондон вели дека има добра причина да има загриженост за приватноста.

Но, во интервју преку Скајп, професорот Кит Хауард вели дека беспилотните летала имаат уникатен придонес:

„Мислам дека проблемите може да се надминат. Потребен е баланс. На пример во областа на земјоделството, животната средина, може да помогнат. Затоа, потребен е баланс во општеството“, коментира Хауард.

На пример, беспилотните летала со години се користат прскање хемикалии и инспекција на земјоделски и индустриски активности. Истовремено се многу поефтини и побезбедни од авиони со екипаж.
XS
SM
MD
LG