Линкови за пристапност

Драгон се врати од Меѓународната вселенска станица


Приватна вселенска капсула на товарна мисија: од враќањето на Драгон на Земјата

Приватна вселенска капсула на товарна мисија: од враќањето на Драгон на Земјата

Капсулата на приватната компанија СпејсХ успешно ја заврши товарната мисија.

Приватниот товарен вселенски брод Драгон денес се врати на Земјата откако заврши со мисијата на Меѓународната вселенска станица (МСС).

Драгон утрово се одвои од Меѓународната вселенска на станица, упатувајќи се кон Земјата

Драгон утрово се одвои од Меѓународната вселенска на станица, упатувајќи се кон Земјата

Компанијата СпејсХ, која е сопственик и управува со беспилотното летало, преку Твитер соопшти дека капсулата безбедно се спуштила во Тихиот Океан, во близина на брегот на Мексико.

Драгон со себе донесе преку 1 тон опрема од научните експерименти изведени на МСС. На пат за МСС, пак, капсулата однесе опрема, храна и резервни делови за тамошниот шестчлен екипаж.

НАСА склучи договор со СпејсХ – компанијата од Калифорнија да изведе најмалку 12 вакви мисии во наредните неколку години. Откако американската вселенска агенција ја пензионираше флотата на спејс шатл- леталата во 2011-та, Драгон е единствениот американски вселенски брод што бил на товарна мисија до МСС.
XS
SM
MD
LG