Линкови за пристапност

Дисонантни тонови за законите за медиумите

  • Синиша Станковиќ

Од јавната расправа во организација на Министерството за информатичко општество.

„Нема еден единствен начин на пишување на закон за медиуми, ги земаме сите најдобри меѓународни пракси, нема потреба постојано да го измислуваме тркалото и не постои еден начин кој што е совршен. Треба да биде закон соодветен на праксата и не постои разлика во суштина“, изјавила преставничката на ОБСЕ Катрин Ефкеимен, на денешната јавната расправа за Законот за медиуми и за Законот за аудио визуелни медиумски услуги, во организација на Министерството за информатичко општество.

„Нема еден единствен начин на пишување на закон за медиуми, ги земаме сите најдобри меѓународни пракси, нема потреба постојано да го измислуваме тркалото и не постои еден начин кој што е совршен. Треба да биде закон соодветен на праксата и не постои разлика во суштина“.
Според дел од експертите од ЕУ, Советот на Европа и од ОБСЕ, во јавната расправа за контроверзните и оспорувани предлог-закони за медиумската сфера и при нивното евентуално донесување, Македонија треба да ги искористи позитивните искуства од светот и да ги прилагоди законските решенија на приликите и состојбите во земјата.

Но, и покрај забелешките во еснафот и во пошироката јавност, дека прифатените амандмани и забелешки беа објавени на само 24 часа пред почетокот на денешната расправа и дека во Македонија во ек се годишните одмори, ресорниот министер за информатичко општество Иво Ивановски остана дециден дека тоа нема да влијае на квалитетот на расправата. Министерот не го поколеба ни одбивањето на Синдикатот на новинари и медиумски работници и на Македонскиот институт
„Новинарството е професија која може страотно да манипулира, да врши пропаганди со огромни последици, па дури и да предизвикува војни. Како може експертите да не знаат да ја дефинираат професијата новинар? Јас се залагам новинарите да се лиценцираат за да се издвоиме, професијата ни страда“.
за медиуми и понатаму да учествуваат во расправата во која не се прифаќаат нивните бројни забелешки, како ни апелот за бојкот на расправата од Иницијативниот одбор за ослободување на притворениот новинар Томислав Кежаровски.

Наместо да се расправа за целисходноста од воведување на вакви законски решенија, како што бараа дел од новинарите, една од разгледуваните точки била можноста за воведување на лиценци за новинари.

Колумнистката на „Нова Македонија“ Мирка Велиновска изјавила дека е зачудена „како никој од вас не знае како се дефинира новинар и што подразбира таа дефиниција. Новинарството е професија која може страотно да манипулира, да врши пропаганди со огромни последици, па дури и да предизвикува војни. Како може експертите да не знаат да ја дефинираат професијата новинар? Јас се залагам новинарите да се лиценцираат
„Па, ајде, воведете во некој став или член во законот и униформа за новинарите и по можност некоја лента!“.
за да се издвоиме, професијата ни страда“.

Од ваквиот став бил вчудовиден претседателот на репрезентативното Здружение на новинари на Македонија, Насер Селмани: „Па, ајде, воведете во некој став или член во законот и униформа за новинарите и по можност некоја лента! Зошто не е транспарентен податокот колку пари Владата троши во медиумите, што е одговор од јавен интерес?“.

„Новата Агенција за медиуми ќе може да врши исклучиво административен надзор, а не и надзор врз содржината и програмата“.
Османи за медиумите изјави дека „јавната дебата за законите за медиуми е чиста фарса, но сакам тоа да го знае јавноста и власта“, а на расправата потенцирал дека состојбата во новинарството е лоша, но не поради законите, туку поради погрешниот пристап кон медиумите: „Изминатиов период наместо да се спорат нашите ставови, бевме цел на напади, спинови, клевети, навреди... Сметам дека и вие министре, сносите одговорност за спинот што се шири дека експертите имаат различно мислење за законот. Министре, не е проблем законот, ние не дојдовме на ова дереџе поради законите, туку затоа што државата премногу се меша во медиумите. Овие јавни
„Медиумската заедница не е консултирана дали воопшто е неопходно да се носат вакви законски акти или не. Нивната изработка се одвиваше далеку од очите на медиумските професионалци и уште подалеку од јавноста, па уште при првите напомени дека се подготвуваат законски решенија во овие области, Синдикатот предупреди дека нема да има квалитетен закон без учество на релевантните фактори од медиумскиот простор“.
дебати се како лицитација на берза и како да се ценкаме купи-продај, а главното прашање е дали ќе ги почитуваме меѓународните стандарди или не“.

Министерот Ивановски пак, го изнел ставот дека голем дел од забелешките се прифатени и дека и покрај тоа што поголем дел од новинарите се со став дека не треба да постои закон за медиуми, власта ќе оди во насока дека треба да има закон. Претходно, закажувајќи ја расправата, тој потенцираше дека Mинистерството за информатичко општество и администрација прифатило 8 амандмани во Законот за медуми и 14 амандмани во Законот за аудио и аудиовизулени медиумски услуги, сите во функција на подобрување на текстот на двата закона и на допрецизирање и дополнување на одредени сегменти.

Според него, „новата Агенција за медиуми ќе може да врши исклучиво административен надзор, а не и надзор врз содржината и програмата“, а при именување на членови во Советот на Агенцијата за медиуми, како овластени предлагачи сега се појавуваат -
„Сметаме дека во услови во кои колегата е во притвор од 28 мај, поради напишан текст, а мерката му се продолжува три пати по триесет дена, не треба да се дебатира за каков било закон кој се однесува на работата на новинарите и медиумите“.
мнозинското здружение на новинари, интеруниверзитетската конференција, Адвокатската комора, ССМ, ЗЕЛС и Комисијата за прашања на избори и именувањата на Собранието (два члена), а согласно укажувањата на Советот на Европа и на ОБСЕ, во составот на Советот да има мнозинство на претставници од граѓанскиот сектор.

ССНМ во соопштението за откажување од понатамошното учество во расправата потенцираше дека „медиумската заедница не е консултирана дали воопшто е неопходно да се носат вакви законски акти или не. Нивната изработка се одвиваше далеку од очите на медиумските професионалци и уште подалеку од јавноста, па уште при првите напомени дека се подготвуваат законски решенија во овие области, Синдикатот предупреди дека нема да има квалитетен закон без учество на релевантните фактори од медиумскиот простор“.

ССНМ со жалење констатира дека „учеството на претставниците на ССНМ не се користеше за конструктивна расправа, туку повеќе како алиби за наводна транспарентност на овој процес и како наводен доказ за демократскиот капацитет при донесувањето на законите што ја засегаат медиумската заедница“.

„Иницијативниот одбор за ослободување на новинарот Томислав Кежаровски од притвор“ ги повика колегите новинари и претставниците на здруженијата, асоцијациите и другите медиумски организации да не учествуваат во дебатата: „Сметаме дека во услови во кои колегата е во притвор од 28 мај, поради напишан текст, а мерката му се продолжува три пати по триесет дена, не треба да се дебатира за каков било закон кој се однесува на работата на новинарите и медиумите“.
XS
SM
MD
LG