Линкови за пристапност

Дозволете им на хуманитарците да си ја вршат работата, му порачаа ОН на Израел


ОН предупредија на неисхранетоста во Газа и се пожалија на пречките за добивање и дистрибуција на помошта
ОН предупредија на неисхранетоста во Газа и се пожалија на пречките за добивање и дистрибуција на помошта

Убиството на седум лица кои работеле за добротворната организација Светска централна кујна на познатиот готвач Хосе Андрес во Газа е „неизбежен резултат на начинот на кој оваа војна моментално се води“, изјави денес портпаролот на Обединетите нации Стефан Дујарик.

Тој рече дека ОН „уште еднаш“ повикуваат на итен хуманитарен прекин на огнот во шестмесечната војна меѓу Израел и Хамас.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека воздушниот напад во понеделникот во кој загинаа хуманитарните работници е ненамерен и „трагичен“.

„Многубројноста на ваквите настани е неизбежен резултат на начинот на кој се води оваа војна“, изјави Дујарик за новинарите.

„Најмалку 196 хуманитарци се убиени од октомври на окупираната палестинска територија, која е едно од најопасните и најтешките места за работа во светот“.

Координаторот на ОН за хуманитарна помош и реконструкција за Газа Сигрид Каг се сретна со тимот на Светската централна кујна во Газа, само неколку часа пред да бидат убиени и беше згрозен од нападот, рече Дујарик.

ОН предупредија на претстојниот глад во Газа и се пожалија на пречките за добивање и дистрибуција на помошта.

„Продолжуваме да доставуваме помош... на опортунистичка основа, што не е начин да се води голема операција за помош“.

На прашањето што би ѝ кажале ОН на израелската влада во врска со воздушниот напад, тој рече: „Пораката е: дозволете им на хуманитарните работници да си ја завршат работата“.

XS
SM
MD
LG