Линкови за пристапност

Претставници на близу 200 нации започнаа двонеделни разговори за тоа како да се ограничи испуштањето на штетни гасови во атмосферата.

Делегатите на конференцијата за климатски промени на ОН што се одржува во Доха, Катар, главно ќе се фокусираат на продолжување на Протоколот од Кјото. Пактот, чие важење истекува годинава, ги обврзува земјите во развој да ја намалат емисијата на вакви гасови за пет проценти под нивото од 1990.

Големите емитувачи на штетни гасови како САД и Кина не се дел од договорот, додека Русија, Јапонија и Канада велат дека не сакаат да бидат дел од продолжението на важењето на договорот од Кјото. Тоа ќе остави само околу 15 проценти од емисијата на штетни гасови во светото под одредбите на продолжениот пакт.

Конференцијата исто така ќе вклучи разговори за креирање на глобален договор за климата што би бил финализиран до 2015 и ќе влезе во ефект во 2020.

Разговорите доаѓаат по извештајот на ОН, објавен минатата недела, во кој се предупредува на потребата од засилена акција со цел да се спречи температурите во светот а пораснат за два степени целзиусови над пред-индустриското ниво.

Извештајот кажа дека емисијата на штетни гасови пораснала за 20 проценти од 2000-та, и дека без ветување за преземање на акција, глобалните температури најверојатно ќе пораснат меѓу 3 и 5 степени целзиусови до крајот на векот.

Научниците во светот воглавно се согласни дека милијарди тони на јаглероден диоксид произведен од човекот кои влегле во атмосферата на Земјата во изминатите 100 години се во голема мерка виновни за глобалното затоплување.
XS
SM
MD
LG