Линкови за пристапност

Голем број на декласифицирани документи на ЦИА достапни на Интернет


Претходно јавноста можела да направи увид во документите единствено во Националниот архив на САД во сојузната држава Мериленд

Околу 930.000 документи, повеќе од 12 милиони страници сега се достапни за јавноста преку електронската читална на веб страницата на ЦИА, стои во соопштението за медиумите на агенцијата.

„Пристапот до овие историско значајни документи повеќе не е географски ограничено. Американската јавност може да пристапи на овие документи од удобноста на својот дом,“ рече Џозеф Ламберт, директор за информатички менаџмент во ЦИА.

Во колекцијата можат да се најдат документи од 1940-та до 1990-та година и се однесуваат на раната историја на ЦИА, Студената војна, Виетнам, Проектот берлински тунел, Корејската војна, шпионските авиони У-2, развојот на тероризмот, како и детални извештаи за глобални воени и економски прашања.

Во колекцијата се содржани документи кои се однесуваат и на случувањата поврзани со Македонија и Балканот.

Декласифицирањето на документи постари од 25 години, е предвидено со извршната наредба 13526 која бара агенциите да ги ревидираат таквите документи категоризирани како трајни под Актот за декласификација на федерални документи. Како резултат на тоа по ревизијата на ЦИА, редовно се додаваат нови документи на колекцијата.

XS
SM
MD
LG