Линкови за пристапност

Нов извештај посочува на предизвиците за инвалидите во светот


Нов извештај посочува на предизвиците за инвалидите во светот
Нов извештај посочува на предизвиците за инвалидите во светот

Првиот воопшто извештај за инвалидноста во светот посочува на бариерите со кои се соочени милиони хендикепирани луѓе кои живеат на планетава, како и на начините тие да се надминат.

Повеќе од милијарда луѓе во светот живеат со некаков вид на инвалидност. Тоа е 15 проценти од популацијата – и таа цифра расте. Многумина се соочени со огромни бариери – во образованието, здравствената заштита, транспортот, работата ... па дури и во однос на кревањето на гласот.

Ова се само некои од наоѓањата во првиот воопшто Светски извештај за инвалидност, направен заеднички од Светската здравствена организација и Светската банка, што е објавен во четврток.

Етиен Краг од СЗО вели дека условите варираат од земја во земја, но дека основните проблеми се исти.

„Во сите држави сеуште има стигма и дискриминација. Во сите држави има предизвици за приод – до превозот или јавните згради, училишта и работни места“, вели Краг.

Како резултат на тоа, новата студија вели дека луѓето со инвалидитет често имаат пониско образование, послабо здравје, помало учество во економијата и поголема стапка на сиромаштија“.

Но некои инвалиди успеале да го избегнат тој живот станувајќи брилијантни лидери во нивните заедници. Светски познатиот британски физичар Стивен Хокинг е комплетно парализиран од болест на моторните неврони. Сепак, во предговорот на извештајот тој забележува дека неговата инвалидност не го спрачува да има успешна кариера и среќен семеен живот.

Додека голем број развиени држави прават подобра политика и програми за инвалидите, Краг посочува и на некои земји во развој. Бразил е еден пример. Мозамбик друг.

Препораките во извештајот се однесуваат на начините да се подобри пристапот на инвалидите до здравството, образованието, превозот и работните места. Клучно притоа е – да им се даде право на глас на инвалидите во донесувањето на одлуките.

Краг вели дека оваа студија е исто така повик за будење за сите, зашто еден ден секој од нас може да стане инвалид или да се соочи со инвалидитет во семејството.

За СЗО и за Светската банка, според Краг, извештајот е агенда за акција во наредните десет години – за да се обезбеди реализирање на препораките во него.

XS
SM
MD
LG