Линкови за пристапност

Научници вршеле тестирања на различни популарни диети за да дознаат која функционира и дали некоја од нив резултира во лошо здравје

Се чини дека секоја недела се јавува нова диета којашто гарантира губење на вишокот килограми и добро здравје. Медитеранската диета – што значи внесување на помалку јаглерохидрати, или јапонската, се само некои од многуте. Според нова студија, вашите гени може да играат голема улога во одредување на тоа која диета најмногу Ви одговара.

Научниците вршеле тестирања врз глувци на различни популарни диети за да дознаат која функционира и дали некоја од нив резултира во лошо здравје.

Откриле дека одредени диети резултирале во губење на телесната тежина за одредени глувци, но не дале никакви резултати или го влошиле здравјето кај друг вид глувци.

„Во голем дел, на диетите гледаме на ист начин како од пред 100 години, претпоставувајќи дека постои една оптимална диета. Она што откривме – влијанието на диетата зависи од генетиката на поединецот којшто ја користи“, вели експертот за генетика, Вилијам Барингтон од Универзитетот на Северна Каролина, еден од авторите на студијата.

Во период од шест месеци, неколку идентични видови на глувци биле ставени на одредена диета. Еден вид добивал Западна или диета богата со маснотии, друг – Медитеранска, трет – Јапонска, со многу ориз и зелен чај. И на крај, четвртиот вид добил диета со малку јаглерохидрати, но многу маснотии, позната како кетогена диета.

Во сите случаи, на глувците им било дозволено да јадат во неограничени количини, додека научниците мереле колку јаделе и како тоа се одразувало на нивното здравје, вклучувајќи ги знаците за фаза пред дијабетес, прекумерна телесна тежина и проблеми со црниот дроб.

На изненадување на научниците, еден вид на глувци многу лошо ја поднел Западната диета, додека имала мало или никакво влијание врз други видови.

Барингтон додава дека во иднина, можно е да биде возможно одредена диета да се поврзе со одредени поединци, со цел да се добијат посакуваните резултати.

Концептот се нарекува прецизен нутриционизам, и се предвидува дека еден ден лекарите ќе можат да употребат тест за генетика и да одредат дали храната којашто ја конзумирате, резултира во губење на вишокот килограми и добро здравје.

Студијата беше презентирана во организацијата Генетско општество на Америка, со седиште во Мериленд.

XS
SM
MD
LG