Линкови за пристапност

Ова е најголемиот град во американската историја кој бил под државен надзор и поднел барање за банкротство

Детроит, во сојузната држава Мичиген, стана најголемиот град во американската историја што пријавил банкротство, потег што му дава судска заштита од кредиторите.

Фискалниот менаџер вработен од државата, го поднел барањето до суд за банкротство, во четврток.

Градоначалникот Дејв Бинг кажа дека се надева оти потегот ќе означи нов почеток за градот, кој имаше тешкотии со буџетскиот дефицит од над 300 милиони долари и долгорочен долг од речиси 14 милијарди долари.

Гувернерот на Мичиген Рик Снајдер се` уште треба да ја потпише одлуката. Во март Снајдер вработил фискален менаџер и експерт за банкротство, Кевин Ор, да ги надгледува проблематичните финансии на Детроит, правејќи го најголем американски град под државен надзор.

Објавувањето банкротство создава дилеми за иднината на пензиите на државните службеници и здравствените осигурувања во Детроит, каде има околу 10.000 вработени.

Во раните 1950-ти, градското население било 1,8 милиони. До 2010, падна на 700.000 заради тоа што луѓето го напуштаа градот среде расни тензии и намалени можности за вработување.
XS
SM
MD
LG