Линкови за пристапност

Динан: ЕУ е заморена од проширувањето


Динан: ЕУ е заморена од проширувањето
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:12 0:00

Динан: ЕУ е заморена од проширувањето

Интервју со Дезмонд Динан, професор на Универзитетот Џорџ Мејсон

Глас на Америка: Професор Динан, Европската Унија се соочува со бегалска криза, која се случува непосредно по финансиската. Две големи кризи, за краток временски период. Во каква состојба е Европската унија денес?

Дезмонд Динан: Две големи кризи, а друга е на повидок, а тоа е прашањето за членство на Велика Британија во Европската унија. Мислам дека во извесен случај тоа е поголем предизвик за Унијата. Затоа што ако Британија излезе од членството, тоа драматично ќе ја промени конфигурацијата на Унијата. Но тоа е друго прашање, врз кое можеби имаат влијание кризата во еврозоната и бегалската криза. Но двете кризи се голем предизвик. Кризата во еврозоната се чини дека е зад нас, иако, јас не мислам дека е целосно завршена. Во Грција имавме драматични настани нa почеток на годинава. Мислам дека може да има повторување на таквата ситуација. Јас би ја окарактеризирал кризата во еврозоната како хронична. Со друг збор тоа е ситуација која ќе трае неизвесно долго време. Бегалската криза е по непосредна и подраматична и треба да се реши на еден или на друг начин во пократок временски период, во следните шест месеци до една година. Мислам дека Европската унија се обидува да го стори тоа. Сведоци сме на драматични промени на односите меѓу Европската унија и Турција, бидејќи Турција е на линијата на фронтот на бегалската криза, што е дополнителна грижа за ЕУ.

Глас на Америка: Солидарноста е основа за соработка во Унијата, во време на просперитет или криза, дали тоа е случај и во оваа ситуација?

Дезмонд Динан:Мислам да, иако е тешко да се задржи солидарноста во 28 -те земји членки. Мислам дека со повеќе земји во ЕУ, има поголема разновидност но и поголеми разлики помеѓу државите и луѓето, и тешко е да се одржи солидарноста. Но е уште потешко да се одржи во време на економска криза и бавен економски раст.

Глас на Америка: Доби ли процесот на проширување на ЕУ нова динамика во контекст на бегалската криза? Дали постои оптимизам Турција да пристапи во Унијата?

Дезмонд Динан: Јас не мислам така. Мислам дека односите помеѓу Европската унија и Турција се менуваат. Мислам дека Турција се најде во добра позиција да влијае на ЕУ. Ова е ново, затоа што порано Турција имаше барања од ЕУ, сега ЕУ има барање до Турција. Турција сега е во можност да постави барање за преиспитување на членство во ЕУ, иако всушност, ништо не е променето во земјата. Процесите во Турција се движат кон оддалечување од членството во ЕУ. Земјата станува неатрактивен партнер и со се помал потенцијал за членство во ЕУ.

Глас на Америка: Во тој контекст, се разбира Западниот Балкан. Дали регионот е се уште на дневен ред за проширување? Дали регионот е важен на некој начин за безбедноста на ЕУ?

Дезмонд Динан: Мислам дека Балканот е важен за европската безбедност, а тоа е важно и за безбедноста на самиот регион. Проблемот е во тоа што ЕУ е заморена од проширувањето. Унијата страда од замор. Во ЕУ се има чувство дека иако последната рунда на проширувањето од 2004-2013 се случи во период од 10 години, иако подготовките за проширувањето траеја дополнителни 10 години, сепак се случи брзо и премногу драматично. Особено со кризите со која се соочува ЕУ денес, мислам дека граѓаните и лидерството во ЕУ мислат дека мора да се консолидира денешната ситуација. Мислам дека проширувањето се уште е на дневен ред, но перспективата е дека тоа нема да се случи скоро.

XS
SM
MD
LG