Линкови за пристапност

Здравје: Депресијата не познава граници


Здравје: Депресијата не познава граници
Здравје: Депресијата не познава граници

Голема депресија е водечка причина за неработоспособност во цел свет. Во исклучителни случаи, тоа може да води до самоубиство. Во нова студија, истражувачите се обиделе да откријат до која мерка е раширена депресијата во различни држави.

Студијата нашла дека депресијата е широко распространета. Во држави со високи примања, 15 проценти од испитаниците имале барем една епизода на голема депресија во текот на животот; во државите со помали приходи, стапката била нешто помала, околу 11 процента.

Студијата била базирана на детални интервјуа со 89 илјади лица во 18 држави. Во нив биле вклучени држави со високи примања, како Шпанија, Јапонија и САД, и со слаби до средни примања - како Индија, Либан и Украина.

Студијата била изведена заедно со Истражувачката иницијатива за ментално здравје на Светската здравствена организација.

Евелин Брамет од Универзитетот на Њујорк вели дека лицата во истражувањето биле запрашани дали искусиле период на депресија во нивниот живот во текот на изминатата година.

„Тие стапки биле прилично слични кај сите држави. Така, просекот за земјите со високи примања бил околу пет ипол проценти. Просекот за државите со ниски примања бил околу шест проценти“, вели Брамет .

Брамет е првиот автор на публикацијата кој ги опишува наоѓањата.

Таа вели дека депресијата е повеќе од чувството на тага. Сите имаме такви денови.

„Голема депресија е дефинирана како период каде имате голем број симптоми на депресија што се одвиваат цел ден, секој ден, и најмалку за период од две недели“, вели таа.

Тие симптоми вклучуваат губење на апетитот, проблеми со концентрацијата и вознемирувачка шема на спиење, па се` до обид за самоубиство.

Како дополнение на широко сличните стапки на депресија, ова меѓународно истражување најде и други сличности:

„Жените биле поподложни на депресија отколку мажите. Насекаде. И луѓето кои се раздвоени или разведени имале поголема шанса да биле во депресија претходната година отколку другите луѓе“.

Една разлика која истражувачите ја нашле има врска со возраста. Во САД и Западна Европа, стапките на депресија се највисоки меѓу младите луѓе.

Но, кога било направено истражувањето во Украина и некои други посиромашни држави, најдено е спротивното – дека постари лица имале поголема веројатност да минале периоди на депресија во последните 12 месеци, отколку младите.

Брамет го водела истражувачкиот тим во Украина, и таа вели дека поголемите стапки на депресија таму може да биле во врска со тешкотијата на постарите лица да се прилагодат на промените во посткомунистичкиот свет.

Евелин Брамет и нејзините 21 ко-автори ги опишуваат меѓународните димензии на депресијата во журналот „BMC Medicine“.

XS
SM
MD
LG