Линкови за пристапност

Што е слобода на изразување?


Уреднички коментар што ги претставува ставовите и политиката на американската Влада, овојпат посветен на слободата на изразување

Американскиот помошник-државен секретар, Том Малиновски вели дека „слободата на изразување е во основа право да бидеме тоа што сме“.

Имаме право да го мислиме она што го мислиме, да го искажеме она во кое веруваме, да го обожуваме Господ на начин на којшто сакаме, да се обидеме на мирен начин да ги убедиме луѓето да ги поддржат нашите ставови, да можеме целосно да се изразиме како личности. Тоа не само што е основно и човеково право, туку е и човечка потреба.

До луѓето на кои им се одземени овие основни човекови права на самоизразување, би порачал дека тоа им се има случено на лица од секаде во светот, во секоја култура, во одреден дел од нивната историја. Но оние кои го направиле тоа, на крајот, секогаш губат.

Оваа потреба за слобода на изразување е толку моќна, што луѓето, и покрај ограничувањата и препреките од страна на Владата, успеваат да најдат начин и да го искажат своето мислење. Ова е особено случај во денешно време, кога комуникацијата се` повеќе се одвива преку Интернет, преку механизми коишто владите имаат проблеми да ги попречат.

Иако репресивниот импулс во одредени делови на светот е мошне силен, импулсот за ослободување од таа репресија, е уште посилен.

XS
SM
MD
LG