Линкови за пристапност

Над 130 милиони Американци немаат редовна орална нега, а на проблемот се додава растечкиот недостиг на стоматолози.

Податоците покажуваат дека бројот на Американци кои рутински посетуваат заболекар е во опаѓање.

Семејствата во кои членовите се во работен однос, но со мали примања, имаат големи проблеми за пристап до стоматолошко осигурување. Со заработката тие можат да се квалификуваат за владина помош, но немаат доволно да можат да користат услуги на заболекари во приватна пракса.

Затоа таквите одат во установи што се од типот на медицински хуманитарни организации. Ронда Свицер е извршна директорка на таква клиника во Тенеси. Таа вели дека многу значи стоматолошката нега, зашто дури и при вработувањето се внимава на телесна тежина на луѓето, нивниот акцент и колку се негувани нивните заби, исто како и на образованието и квалификациите.

Но проблемот натамошно се влошува. Истражувачкиот центар Пју порано годинава објави студија што индицира дека САД имаат сериозен недостиг на стоматолози. Над половина од оние кои во моментов се активни во професијата, се ближат на пензионирање. Дури уште поалармантен е фактот што се` поголем број Американци доаѓаат во клиниките за итна помош барајќи стоматолошки услуги.

Шели Гешан е директорка на кампања за стоматолошка нега кај децата при Институтот Пју.

„Немаме доволно стоматолози. Немаме доволно клиники. Немаме доволно стоматолошко осигурување. Немаме доволно пари во системот. Немаме доволно превентивни мерки. Ова е запоставена област.“, вели Гешан.

Таа додава дека Актот за пристапна грижа, што треба да влезе во сила следниот месец, во теорија значи проширување на стоматолошкото осигурување за секое дете во земјата, но дека сиромашните може и натаму да имаат проблеми да дојдат до таа грижа.

„Им треба помош при транспорт, или за превод, или за чување на деца, а освен тоа здравствена грижа и најголем дел од стоматолошката грижа се нуди од приватни заболекари и тие не ги даваат тие дополнителни услуги, вели Гешан.

Според неа, непрофитните клиники како нејзината, се подобро опремени да излезат во пресрет на ваквите потреби. Но такви нема многу. Гешан предлага да се разгледа можноста да се воведат стоматолози со право на работа од таканаречено средно ниво, зашто во моментов, само на целосно акредитирани стоматолози им е дозволено да работат во САД.

Но Актот за пристапна лекарска грижа не обврзува на покритие за возрасни, што значи дека за милиони Американци нема да има подобрување во пристапноста до заболекарска грижа во догледно време.
XS
SM
MD
LG