Линкови за пристапност

Игли во сендвичи на летови на Делта


Американски и холандски власти истражуваат како иглите дошле во авионската храна

Во тек е истрага како иглите дошле во пет сендвичи со мисиркино месо служени на четири летови од Амстердам до САД.

Патниците загризале во игли во неделата, на летови на Делта Ерлајн упатени за Минеаполис, Атланта и Сиетл. Едно лице е повредено но одбило третман.

Американското ФБИ во вторник изјави дека е поведена истрага заедно со холандската полиција. Сендвичите биле подготвени во Амстердам, во компанија за кетеринг, Гејт Гормеј.

Делта вели дека случајот го смета за многу сериозен, а Гејт Гормеј инцидентот го нарече „страшно вознемирувачка ситуација“.
XS
SM
MD
LG