Линкови за пристапност

Одложено конгресното гласање по прашањето за долгот


Одложено конгресното гласање по прашањето за долгот

Одложено конгресното гласање по прашањето за долгот

Републиканските лидери во американскиот Претставнички дом ќе се обидат да одржат гласање во петок по нивниот план за зголемување на позајмувачкиот лимит и намалување на трошоците откако беа принудени да го одложат гласањето заради опозиција во нивната партија.

Претставничкиот дом под водство на републиканците требаше да гласа во четврток по планот изработен од страна на Џон Бејнер што би го кренал лимитот за позајмување на државата од 14,3 трилиони долари во замена за повеќе од 900 милијарди намалувања на трошоците во текот на следните 10 години. САД ќе останат без пари за плаќање на своите должнички обврски доколку лимитот не е кренат до 2 август.

Но истакнати републиканци, меѓу кои и оние кои се со ултра-конзервативното движење Ти парти, не се согласуваат со планот на Бејнер, велајќи дека не намалува доволно од трошоците на владата.

Демократите од Претставничкиот дом и Сенатот силно опонираат на планот зашто повикува на второ гласање подоцна годинава за натамошно кревање на лимитот на задолжувањето во замена за уште поголеми скратувања во трошоците. Претседателот Барак Обама се закани со вето доколку мерката мине во Конгресот.

Сенатскиот лидер на демократите Хари Рид предлага конкурентен план за кој вели дека намалува 2,5 трилиони долари додека го крева лимитот на задолжување до крајот на 2012 година.

XS
SM
MD
LG