Линкови за пристапност

Обама ги покани законодавците на нов разговор за долгот на САД


Обама ги покани законодавците на нов разговор за долгот на САД
Обама ги покани законодавците на нов разговор за долгот на САД

Претседателот Барак Обама го повтори инсистирањето да се постигне „балансиран“ договор што ќе скрати трилиони долари од владините дефицитни трошоци во текот на следната деценија, во исто време зачувувајќи ги инвестициите што тој ги гледа како круцијални за креација на работни места и економски развој.

Со само неколку недели пред рокот на Одделот за финансии – 2 август, за кревање на лимитот за задолжување на САД што сега е 14,3 трилиони долари и помалку време од тоа за Конгресот да подготви нацрт-легислатива –притисокот на претседателот и конгресните лидери со секој ден е се` поголем.

По минатонеделното критикувањето на републиканците, и Конгресот воопшто, по прашањето на дефицитот, Обама го мина викендот во одморалиштето Кемп Дејвид, во Мериленд, каде тој и неговите советници продолжија со контактите со законодавците.

Обама го одби повикот од сенатскиот републикански лидер Мич МекКонел да оди на Капитол Хил за разговори и Белата куќа не одговори и на друга покана од МекКонел да за средба неделава.

Во просторијата за брифинг на Белата куќа, претседателот не зеде ниедно прашање, но кажа дека ги поканил републиканските и демократските конгресни лидери во четврток, за „напредок кон конечен договор“.

„Се надевам дека сите ќе ги остават своите ултиматуми пред врата, дека ќе биде оставена политичката реторика пред врата, и дека ќе сториме тоа што е најдобро за напшата економија и за нашиот народ“, рече Обама.

Сенаторот Мич МекКонел и други републиканци кажаа дека нема шанса конгресот да одобри ново зголемување на даноците , како што сака Белата куќа за да се скратат даночните намалувања на богатите Американци.

Од Белата куќа велат дека осумтемина законодавци поканети на средбата во четврток ја прифатиле поканата и дека се очекуваат интензивни преговори.

XS
SM
MD
LG