Линкови за пристапност

Достигнат плафонот на задолженост во САД


Достигнат плафонот на задолженост во САД

Достигнат плафонот на задолженост во САД

Американската влада во понеделник дојде до 14,3 трилиони долари долг, колку што законски смее да позајмува, а тоа уште повеќе ја загреа политичката битка во врска со владините трошоци и задолжување на Вашингтон.

Опозиционите републиканци одбиваат да расправаат за зголемување на даноцитеи бараат повеќе намалувања на трошоците пред да се согласат на зголемување на плафонот на задолжување. Републиканците го контролираат долниот дом на Конгресот, така што лимитот на задолжување нема да може да биде кренат без нивна согласност.

Претседателот Барак Обама и неговите сојузници од Демократската партија во Конгресот се согласуваат дека трошоците треба да бидат намалени, но предупреди дека нацијата може да се соочи со проблеми без преседан во плаќање на долговите доколку лимитот веднаш не биде кренат.

XS
SM
MD
LG