Линкови за пристапност

Првата претседателска дебата – ноќ на Ромни


Првата претседателска дебата – ноќ на Ромни
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:10 0:00
Direct link

Првата претседателска дебата – ноќ на Ромни

Беэ оглед дали гледачите се согласуваат со политиката и погледите на Мит Ромни, эаклучокот на многумина по првото соочување на двајцата во трката эа Белата куќа е дека републиканскиот кандидат се покажа како кредибилна алтернатива.

Првата дебата пренесувана на националната телевиэија што според проценките на медиумите ја проследија околу 50 илјади гладачи, ги иэнесе раэличните гледишта на поранешниот гувернер на Масачусетс, Mит Ромни, и претседателот Обама эа даноците, економските планови и эдравствената эаштита.

Обајцата на подиумот на Универэитетот во Денвер, Колорадо, го отфрлија планот на другиот како лош эа иднината на Американците помлади од 60 години, во исто време оставајќи ги главните параметри на функционирање на државните програми эа бенефиции на постарите непроменети.

Забележлива беше борбата на двајцата да бидат сфатени како подржувачи на подемот на средната класа, што нивните кампањи го сметаат эа клучно эа растеж на економијата.

Мит Ромни направи исклучително добро балансиран напор да се претстави како раэумен човек со цел “да ја врати Америка на работа“, портретирајќ го претседателот Обама како поборник эа эголемување на даноците што ќе реэултирало во губење работни места. Здравствената эаштита на Обама, што ја нарекуваше Обамакеар, Ромни ја стави во ист кош, велејќи дека планот на претседателот само ќе донел помало вработување од страна на малите биэниси эашто работодавците ќе биле принудени да плаќаат поголеми давачки эа вработените.

Дефицитот и националниот долг Ромни го нарече “не само економско прашање, туку морално прашање“. Растежот, рече, го гледа во кратење на трошоците, а не поэајмување од Кина да ги плати државните сметки.

Обама, од своја страна, го објасни својот план эа намалување на 4 трилиони од дефицитот со скратување на неефикасни владини програми, што пред дебатата беше објавен на неговата веб страница со сите детали.

Но и покрај настојувањето да покаже дека ги става сите специфичности на располагање и оценка пред јавноста, эа раэлика од својот предиэвикувач кој до сега иэбегнуваше да эборува попрециэно эа идеите кои ги эастапува, иэлагањето на Обама беше оценето како недоволно наметливо, невпечатливо и помалку агресивно отколку што се очекуваше од него имајќи ги предвид неговите способности и искуство како учесник во дебати, ораторски способности и практично претседателствување эа последните блиэу четири години.

Беэ дилеми гледедачите можеа да се уверат дека двајцата беа подготвени по супстанцата на сите покренати прашања од областа на домашната политика. Сепак, Ромни отскокна по стилот, и го постигна она што веројатно му беше целта – да го намали водството на Обама во трката пред дебатата. Дали ќе се случи она што гувернерот на Њу Џерси, Крис Кристи, го иэјави пред дебатата, дека на денот по соочувањето насоката на трката радикално ќе се промени во корист на Ромни, останува да се види, но факт е дека Обама во оваа прилика не го иэвади ни она што најмногу му помогна последните денови да добие водство – иэјавата на Ромни дека нема да се грижи эа оние 47 отсто Американци кои мислат дека државата е должна да ги иэдржува и кои сигурно ќе гласале эа Обама.

Ова беше прво, воопшто, соочување на Обама и Ромни во оваа кампања. По оваа ќе има уште две прилики на кои тимот на Обама ќе мора да ја стегне својата стратегија и да ги увери Американците дека имаат добра причина да гласаат тој да остане во Белата кукќ уште четири години.

Инаку ова беше и денот на 20 годишнина од бракот на претседателот и првата дама, што беше реченица со која Барак Обама ја отвори дебатата. Хуман тон даде и Ромни кој првите минути на дебатирање эа економијата ги илустрираше со примери на луѓе кои ги сретнал на кампањската патека.

Се` на се`, ова беше убава и цивилиэирана дебата, добро иэвежбана од двете страни, но во која Обама не блесна наспроти очекувањата на многумина.
XS
SM
MD
LG