Линкови за пристапност

Прва и единствена ТВ дебата Пенс - Кејн


Во исто време претседателските кандидатите Клинтон и Трамп продолжуваат со кампањите во Пенсилванија и во Аризона

Вечерва ќе се одржи единствената потпретседателска дебата меѓу републиканецот Мајк Пенс и демократот Тим Кејн, пред изборите во ноември.

Гувернерот Пенс и сенаторот Кејн првпат ќе се соочат пред гледачите во градот Фармвил во Вирџинија, држава која се смета клучна за исходот на изборите.

Во исто време претседателските кандидатите Хилари Клинтон и Доналд Трамп продолжуваат со кампањите во Пенсилванија и во Аризона.

Тие ги засилуваат меѓусебните напади - Клинтон за враќањето даноци на Трамп, додека Трамп за Клинтоновото користење на приватната електронска пошта, кога била државна секретарка.

„Каков вид генијалец губи милијарда долари во една година“, рече Клинтон, критикувајќи го Трамп за даноците, а од неговата кампања не ја негираа веродостојноста на даночните обвинувања:

„Ги знам даночните закони повеќе од кој било што некогаш бил во трка за претседател, и јас сум единствениот кој може да ги поправи“, возврати Трамп, на неговиот Твитер профил.

XS
SM
MD
LG