Линкови за пристапност

Дебата на републиканските претседателски кандидати


Дискусијата се одржа во сојузната држава Јужна Каролина, на само три недели од прелиминарните избори во САД

Некои од републиканските кандидати своето обраќање го започнаа веднаш со критика на актуелниот претседател Барак Обама заради тоа што, како што кажа сенаторот од Тексас, Тед Круз, во говорот за состајбата на нацијата во Конгресот, Обама не посветил доволно внимание на инцидентот со 10-мината припадници на американската морнарица коишто беа заробени во Иран.

Потоа, акцентот беше ставен на Исламската држава. Сенаторот од Флорида, Марко Рубио истакна дека ако биде избран за претседател, САД ќе ја добијат војната со ИСИС.

Фаворитот за добивање на номинацијата од редовите на Републиканската партија, Доналд Трамп, пак, го повтори ставот за поостри имиграциони стандарди, со цел, како што кажа, да се одвраќаат терористите надвор од земјата.

Поранешниот гувернер на Флорида, Џеб Буш ја критикуваше демократската кандидатка Хилари Клинтон. „Таа е под истрага од Федералното истражно биро, кажа тој. Ако биде избрана првите 100 дена наместо да ја поставува агендата, ќе мора да биде и во Белата куќа и во суд. Треба да го запреме тоа“, кажа Буш.

Првите прелиминарни избори ќе се одржат во сојузната држава Ајова на 1-ви февруари.

XS
SM
MD
LG