Линкови за пристапност

Доналд Трамп се' уште во водство


Ваква е ситуацијата пред следната дебата на кандидатите за претседател од Републиканската партија

Една недела пред следната дебата меѓу републиканските претседателски кандидати и помалку од два месеца пред првите прелиминарни избори, анкетите покажуваат драматични раздвиженост во рејтинзите.

Просечните резултати од најновите анкети на „Риал клеар политикс“ покажува дека 29 проценти од испитаниците го поддржуваат Трамп за републикански кандидат, но ова е трка во која ќе биде затекнат.

Со подобар рејтинг во моментов се сенаторот на Тексас, Тед Круз и сенаторот од Флорида, Марко Рубио, којшто доби голема поддршка по последната дебата во ноември и се искачи на второ и трето место. Круз во просек во анкетите има поддршка од 15,5 проценти, а Рубио 14,8 проценти.

Нивното искачување дојде по падот на рејтингот на неврохирургот Бен Карсон, кој беше на врвот пред последната дебата, но неговата поддршка опадна речиси на половина и сега е на четврто место со помалку од 14 проценти.

Кој и да биде избран од републиканците, најверојатно ќе се соочува со поранешната државна секретарка, Хилари Клинтон, доколку резултатите од националните анкети останат непроменети. Таа има поддршка од преку 56 проценти, што е 25 поени пред сенаторот на Вермонт, Берни Сандерс.

Двете партии официјално ќе ги назначат своите кандидати за време на партиските конвенции во јули 2016-та, а претседателските избори ќе се одржат во ноември истата година.

XS
SM
MD
LG