Линкови за пристапност

Републиканска дебата: Момент лош за Пери


Републиканска дебата: Момент лош за Пери

Републиканска дебата: Момент лош за Пери

Републиканската дебата од среда навечер, во Универзитетот Окланд во Мичиген, беше фокусирана на економијата. Кандидатите во најголем дел се согласија дека САД треба да ги намалат трошоците и да се фокусираат на домашни акции како поттикнување на развој на работни места и подобрување на економијата.

Федералниот дефицит и високата невработеност се главни прашања на загриженост меѓу американските гласачи, но првото прашање вечерта беше за глобалната економија – имено, како САД треба да одговорат на економските проблеми во странство, како во Италија, на пример.

Бизнисменот од Џорџија Херман Кејн на публиката и` кажа дека САД треба да се фокусираат дома за да се избегне масивен долг како оној на Италија.

„Ако не се фокусираме дома, и ние ќе пропаднеме. Значи, да, фокус на домашната економија прво“, рече Кејн.

Кејн вели дека нема многу што САД да сторат директно за третата најголема европска економијазашто италијанскиот долг едноставно е премногу голем.

Поранешниот гувернер на Масачусетс Мит Ромни за време на дебатата организирана од CNBC телевизијата, кажа дека Европа е способна сама да се справи со своите проблеми.

„Јас сметам дека не треба да влегуваме во спасување на банки ниту во Европа ниту овде во САД ако имаат долг од Италија“, кажа Ромни.

Тој сепак рече дека САД треба да продолжат да играат улога во глобални тела како Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд.

Тексашкиот конгресмен Рон Пол вели дека САД најверојатно ќе ја спасат Европа, за што кажа дека ќе биде „вистинска трагедија“.

Кандидатите, вклучувајќи го и поранешниот спикер на Претставничкиот дом Њут Гингрич, претставничката во Конгресот Мишел Бакман од Минесота, тексашкиот гувернер Рик Пери и поранешниот сенатор од Пенсилванија Рик Санторум, зборуваа за потребата од отварање нови работни места и поголема конкурентност на пазарот. Тие генерално се согласни дека САД треба да ги преработат правилата за оданочување и да ја намалат владата. Тие исто така зборуваа против владино спасување на приватни индустрии.

Момент во дебатата што најверојатно ќе остане запаметен меѓу гледачите беше кога кандидатот Пери предложи елиминирање на три владини агенции, но не можеше да се сети кои се тие што треба да бидат укинати.

Истражување на Галуп изведено минатата недела и објавено еден ден пред дебатата покажа дека републиканците сметаат оти најверојатен номиниран кандидат од партијата е Мит Ромни, со 45 проценти од анкетирани републиканци кои се изјасниле така. На второ место е Кејн, со 13 проценти.

XS
SM
MD
LG