Линкови за пристапност

Дебар - Град на толеранцијата


Дебар - Град на толеранцијата
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:42 0:00

Меѓуетничките односи во државата не се одразиле негативно врз соживотот помеѓу граѓаните во овој град

Во Дебар Македонците одлично го зборуваат албанскиот јазик и обратно Албанците, македонскиот јазик. Муслиманите и Христијаните заедно ги прославуваат Божиќ и Бајрам. Според овдешните жители е најдобар пример во Македонија за тоа како се уште се негуваат добрите меѓуетнички односи помеѓу Македонците, Албанците и Турците. Жителите велат дека никакви обиди за нарушување на меѓуетничките односи во земјава нема да влијаат врз соживотот во овој град кој брои нешто помалку од 20, 000 жители.

Дебарчани велат дека ниту конфликтот во Македонија во 2001-ва година ниту политичката криза годинава не се одразиле на меѓуетничките односи во градот:

„Меѓуетничките односи во Дебар се на ниво. Ден денес и по 25 години демократија не успеале во Дебар, а во другите места тоа е нарушено.“

„Не само етнички туку и верски, градот е пример за цела Македонија. До сега не сме имале проблеми, живееме заедно. Стално сме живеле“, велат жителите на градот.

Оние со кои зборувавме ни рекоа дека се уште заедно ги слават Велигден, Божиќ и Бајрам. Поголемиот број Македонци одлично го зборуваат албанскиот јазик додека Албанците, македонскиот јазик.

„Сме живееле братски и за Бајрам за Велигден. Сме си оделе еден кај друг и сме си помагале“, вели жител на Дебар.

„Големо влијание во соживотот имаат и верските заедници кои се присутни во Дебар. Дебарското муфтиство и дебарската православна парохија имаат одлична соработка. Не само денес, а тоа е историски докажано дека во најтешките моменти кога имало историски превирања и политички тензии православното и муслиманското население живееле добро. Дебар пред извесно време беше прогласен за град без верски и етнички инциденти од страна на одредени меѓународни организации“, вели Ќенан Мимидиноски, новинар и хроничар од Дебар.

Дебарските градоначалник Ружди Љата вели дека етничката припадност во Дебар постои само на хартија:

„Би требало на влезот на Дебар да има една голема плаката на која ќе пишува „Добре дојдовте во градот на толеранцијата.“

XS
SM
MD
LG