Линкови за пристапност

Гувернерот на сојузната држава Конетикат, Даниел Малој, потпиша легислатива со која формално се укинува смртната казна во оваа североисточна американска држава.

Гувернерот на сојузната држава Конетикат, Даниел Малој, потпиша легислатива со која формално се укинува смртната казна во оваа североисточна американска држава.

Малој го потпиша законот во главниот град Хартфорд на приватна церемонија на која присуствуваа многубројни активисти за укинување на смртната казна, свештенички лица и жртви на убиства. Гувернерот објави соопштение во кое стои дека „ова е време за трезвено размислување, а не за прослава“.

Предлог-законот, што претходно месецов го усвои легислатурата на Конетикат, ја заменува смртната казна со доживотен затвор, во установа без можност за помилување.

Конетикат е 17-та американска држава, плус Дистриктот Колумбија, каде не е дозволена смртна казна, и една од петте каде е укината за последниве пет години, придружувајќи им се на Илиноис, Њујорк, Њу Џерси и Ново Мексико. Гласачите во Калифорнија ќе гласаат на референдум за укинување на праксата на ноемвриските општи избори.

XS
SM
MD
LG