Линкови за пристапност

Смртната казна долго време е прашање што предизвикува поделба во САД, за чија оправданост деновиве повторно се води дебата

Кога Роберт Блекер, професор на Њујоркшкото училиште по право, првпат присуствувал на егзекуција, се потсетил на сцена како таткото на неговата сопруга починал во болница.

„Во двата случаја лицето беше покриено со бел чаршаф, лежејќи на носилка, придружувано од медицински лица, неговите најблиски и сведоци“, се присети Блекер, кој потрошил илјадници часови интервјуирајќи затвореници за неговата книга „Казната на смртта“.

Додека поборниците за човекови права раширија страв дека смртоносна комбинација од лекови користен во Арканзас, би можела да ги уништи егзекуциите, Блекер вели дека е против смртоносна инјекција. Наместо таква мерка, тој преферира метод на смртни казни со огнено оружје, при кој нема неуспешни егзекуции.

„Казната треба да биде конструирана како казна, и да се изведе како таква“, вели тој.

Смртоносната инјекција е најраширен метод на егзекуција во САД. Од 1973-та година, 88 проценти од 1.449 егезекуции, биле изведени со смртоносна инјекција, и речиси во сите ситуации бил користен коктел од три лека: седатив мидазолам за да ја ублажи болката, панкурониум - да го парализира дишењето, и калиум хлорид да ја стопира работата на срцето.

Но, употребата на мидазоламот се покажала неуспешна во неколку егзекуции изминативе години, како и во случајот од декември со осуденикот од Алабама Роналд Смит, кој починал 13 минути по егзекуцијата.

Смртната казна долго време е прашање што предизвикува поделба во САД. Анкетата на истражувачкиот центар Пју во 2016-та година, покажа дека 49 проценти од Американците ја поддржуваат ваквата казна, додека 42 проценти се против.

Главниот правобранител на Арканзас Лесли Рутлеџ, ги брани егзекуциите, велејќи дека им донеле правда и мир на семејствата на жртвите.

Роберт Дунам, извршен директор на Информативниот центар за смртна казна во Вашингтон, вели дека одмаздата е валиден аргумент на поддржувачите на оваа мерка.

Противниците, пак, велат дека таа е дискриминаторска, непропорционално таргетирајќи малцинства.

Според Центарот, минатата година имало 20 егзекуции, најмалку од 1991-та година, кога биле погубени 14 лица.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG