Линкови за пристапност

Почина филантропот и милијардер Дејвид Рокфелер


Познат е меѓу другото по силната семејна поддршка за глобалниот капитализам заснован на американски принципи, обезбедувајќи дека никој не е изоставен

На 101-на година почина филантропот и милијардер, Дејвид Рокфелер, чие име важи за дефиниција на американскиот капитализам.

Поранешниот директор на банката „Чејс Менхетен“ беше последен внук на основачот на нафтениот гигант од 19-от век, „Стандард оил“, Џон Рокфелер.

Дејвид Рокфелер ја продолжил силната семејна поддршка за глобалниот капитализам заснован на американски принципи, обезбедувајќи дека никој не е изоставен. Тој беше критички настроен на други милијардери кои барале начини да затаат даноци.

Рокфелер воедно обезбедил семејното богатство да биде употребено за филантропски цели, вклучувајќи финансирање на уметноста и еколошки каузи.

Додека бил на чело на Чејс Менхетен, успеал да ги отвори првите канцеларии на една американска банка во Москва и комунистичка Кина.

XS
SM
MD
LG