Линкови за пристапност

Британскиот култен музичар кој веќе половина век влијаеше врз изгледот на музичката сцена, само пред три дена го прослави 69-от роденден, објавувајќи го албумот Blackstar.

Почина музичката легенда Дејвид Боуви - мирно, опкружен со семејството, по 18-месечна борба со ракот, беше објавено на неговите профили на Фејсбук и Твитер. Веста ја потврди неговиот син, Данкан Џоунс.

Британскиот култен музичар кој веќе половина век влијаеше врз изгледот на музичката сцена, само пред три дена го прослави 69-от роденден, објавувајќи го албумот Blackstar.

Во преку неверојатно богатата 40-годишна кариера, Боуви во историјата влезе како човек со илјада лица, уметнички имиња и музички стилови – од глем рок, соул, денс поп, до електронска музика. Боуви продаде преку 140 милиони примероци од своите албуми. Во архивата ќе останат хитовите како: Let's dance, China girl, Bring Me the Head of the Disco King, I’m Afraid of Americans, Starman, Ashes to Ashes, The Man Who Sold the World, Under Pressure, Young Americans, Space Oddity, Life on Mars и уште многу други.

Зад себе ги остави сопругата Иман и две деца.

XS
SM
MD
LG