Линкови за пристапност

Договорот за спасување, постигнат во очи на понеделничкиот рок, вклучува затворање на кипарската банка Лаики

Кипар се согласи на договор за спасување од банкротство што вклучува затворање на втората најголема банка во државата и спроведување на големи загуби за богатите банкарски вложувачи. За возврат, островот на кого му треба готовина ќе добие 13 милијарди долари помош од неговите заемодавачи.

Договорот за спасување, постигнат во очи на понеделничкиот рок, вклучува затворање на кипарската банка Лаики и пренос на влоговите од 130.000 долари или помалку во посилната Банка на Кипар. Сметките со над 130.000 долари не се осигурени под регулативата на ЕУ и ќе имаат загуби. Сумата на загубата не е во моментов јасна.

Договорот беше постигнат рано во понеделник во Брисел со ЕУ, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд. За да го добие заемот од меѓународни заемодавачи, кипарската влада требаше самa да дојде до 7,5 милијарди долари.

Германскиот Министер за финансии, Волфганг Шаубле, рече дека кипарските законодавци нема да треба да гласаат по новиот план, зашто веќе го одобриле законот за процедура на решавањето на проблемот со банките.

Шефот на ММФ Кристин Лагард кажа дека договорот за спасување e „сеопфатен и кредибилен план“ за справување со кипарските економски предизвици.

Меѓународните кредитори велат дека кипарскиот бизнис модел за привлекување на странски инвеститори, меѓу нив и многу Руси, со ниски даноци и лабава финансиска регулатива се врати како бумеранг и мора да биде заменет.

Првиот човек на Еврозоната, Јероен Дијселбоем, кажа дека е „уверен дека ова е многу подобар договор“ отколку оној кој зафаќаше во сите сметки на штедачите што беше претставен минатата недела.
XS
SM
MD
LG