Линкови за пристапност

Официјални лица во Кипар беа на средба во текот на цел ден во среда во обид да направат нов план за избегнување на неможност да ги платат обврските на малата островска држава во Медитеранот.

Кипарските лидери немаа општо прифатлив начин да дојдат до 7,5 милијарди што меѓународните заемодавачи на земјата ги бараат пред да одобрат 13 милијарди долари во спасувачки фондови. Во вторникот парламентот со големо мнозинство го отфрли планот за оданочување на банкарските влогови што ги разлути штедачите.

Владата во Никозија кажа дека владините банки, затворени цела недела, ќе останат затворени до следниот вторник, за да се спречи повлекување на влоговите.

Европа врши притисок Кипар да понуди нови решенија за должничката криза откако парламентот го отфрли планот за воведување данок на заштедите.
XS
SM
MD
LG