Линкови за пристапност

ОН се надеваат на прогрес за Кипар


ОН се надеваат на прогрес за Кипар

ОН се надеваат на прогрес за Кипар

Напорите за повторно обединување на поделениот остров Кипар се движат во финална фаза и покрај „ограничениот напредок“ на разговорите неделава во Њујорк.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун зборуваше за ситуацијата со новинарите во Њујорк во среда, по два дена дискусии со лидерот на кипарските Грци Деметрис Кристофиас и лидерот на кипарските Турци Дервиш Ероглу.

Генералниот секретар кажа дека разговорите се „робустни“ но поттикна решавачка акција за постигнување финален договор. Бан кажа, ако се постигне доволен напредок, тој ќе свика меѓународна конференција во април или мај оваа годиназа да помогне договорот да се зацементира.

Сепак, претставниците на кипарските Грци и Турци дискутираат за повторно обединување веќе три години, додека разликите во врска со избори, сопственост и државјанство останаа.

Кипар е поделен од 1974, кога Турција направи инвазија по воен удар од поддржувачи на кипарските Грци за унија со Грција.

XS
SM
MD
LG