Линкови за пристапност

Кинески кибернетски напади на САД


Група за безбедност на Интернет со седиште во САД ја обвинува кинеската влада за инволвираност во софистицирана кампања на кибернетски напади против американски бизниси, влада и критична инфраструктура.

Извештај на 60 страници објавен во вторник од Мандиант детализира десетина напади од хакерска група од Кина за која вели дека користи „директна владина поддршка“ за долготрајна и екстензивна кибернетска шпионска камапања.

Мандиант вели дека групата, која се вика АПТ 1, украла масивна дата од речиси 150 организации, најголем дел од кои лоцирани во САД, од 2006 наваму. Не ги именува нападнатите, но вели дека тие се од 20 поголеми индустрии, од информативна технологија до финансиски служби.

Исто така се додава дека групата работи од шангајска населба околу седиштето на тајната единица 61398 на Народната ослободителна армија, која аналитичари за безбедност на Интернет претходно ја имаат поврзано со кибернетски напади.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Хонг Леи ги негираше наводите на редовниот брифинг во вторник.

Компанијата со седиште во Вирџинија вели дека седумгодишната истрага открила повеќе од 90 проценти од кибернетските напади на АПТ 1 и дека е исклучително неверојатно кинеската влада да не знаела за оперирањето на напаѓачите.
XS
SM
MD
LG