Линкови за пристапност

Осигурување против кибернетски напади во Македонија


Осигурувањето против кибернетски напади во Македонија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:24 0:00

Наскоро, осигурителните компании ќе нудат пакети за поголема безбедност на нивните банкарски сметки и компјутерски системи

Осигурувањето против кибернетски ризици наскоро ќе биде достапно и за македонските граѓани. Осигурителните компании ќе нудат пакети за поголема безбедност на нивните банкарски сметки и компјутерски системи, кои лесно можат да бидат нападнати.

Климе Попоски, претседател на Државната агенција за супервизија на осигурувањето, за Гласот на Америка, вели дека само во 2016-та година на светско ниво била остварена продажба од 2,5 милијарди евра, како премија од продажба на осигуритлени продукти од кибернетски ризици. Се претпоставува дека до 2020-та година, таа сума ќе достигне до осум милијарди евра.

„Една илустрација, во 2016-та година имаме направено рекорден промет преку онлајн трговија. Се повеќе веб страни се користат како алатка за креирање на бизнис и продажба на продукти, а тоа се потенцијални бизниси кои се изложени на кибернетски напади. Прашање на време е кога ќе се случи тоа“, вели Попоски.

Некои од осигурителните компании велат дека се подготвуваат да го воведат овој тип на осигурување.

„Сите хакерски вируси, напаѓање на сервери, податоци, бази, па дури и државни банкарски институции, се под ризик. Се калкулира колку би била премијата што треба еден осигуреник да ја плати, за да може да се заштити, односно една осигурителна компанија да му исплати штета на соодветен начин. Планирано е до 2018-та година да се почне со некој вид кибернетско осигурување. Во овој момент, во нашата компанија има човек кој работи на уловите и на тарифата“, вели Ристана Николоска, регионален директор во „Сава осигурување“.

Неодамнешно истражување во Велика Британија покажа дека на дневна основа има повеќе од 100 илјади кибернетски напади, кои можат да предизвикаат штети од еден до пет милиони евра за големите компании.

Во регионот вакви пакети се нудат во Хрватска и во Словенија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG