Линкови за пристапност

Светско фудбалско првенство: Аргентина - Холандија


Во првиот полуфинален меч во вторникот, Германија го порази Бразил со 7-1

Во полуфиналето на Светското фудбалско првенство, Аргентина се бори со Холандија за место во играта за шампионска титула.

Холандскиот капитен Робин ван Перси не е сигурен за играта во среда по стомачни проблеми. Фудбалската ѕвезда Лајонел Меси ќе ја води Аргентина во Сао Пауло.

Холандија заврши втора на Светското првенство во Јужна Африка пред четири години.

Во првиот полуфинален меч во вторникот, во Бело Хоризонте, Германија покажа игра што ќе биде забележана во историјата на првенството, уништувајќи ги надежите на Бразил за напредување со резултат од седум спрема еден.

Германскиот Мирослав Клосе имаше брилијантен гол на помалку од 25 минути од почетокот со што има рекорден број голови постигнати на светско првенство - 16. Книгата на рекорди се промени повторно на крајот на играта, со најголемата разлика во голови воопшто постигната од тим на полуфинале.

XS
SM
MD
LG