Линкови за пристапност

Американската кредитна перспектива – „негативна“


Американската кредитна перспектива – „негативна“

Американската кредитна перспектива – „негативна“

Компанијата за кредитно рангирање Фич предупредува на можно намалување на кредитниот рејтинг на САД доколку американските законодавци не успеат да се договорат за план за намалување на растечкиот буџетски дефицит на земјата следната година.

Кредитната агенција во понеделникот кажа дека САД засега ќе го задржат највисокиот кредитен рејтинг AAA. Но компанијата ја намали перспективата на кредитниот рејтинг од „стабилна“ на „негативна“, велејќи дека губи верба оти владата ќе преземе неопходни чекори за намалување на дефицитот.

Минатата недела, двопартиска комисија на конгресмени соопшти дека не била во состојба да постигне договор за намалување на 1,2 трилиони долари во текот на следните десет години. Ова поттикна масивно намалување на трошоците во одбраната и домашни програми што ќе започне во јануари 2013.

Другите две големи агенции за рејтинг ги оставија своите оценки непроменети. Но во август, Сандард и Пур го намалија рејтингот на САД од AAA на AA+, со „негативна“ перспектива, додека Муди се заканува со намалување на рејтингот на САД од сегашниот AAA, доколку не се направат намалувања во буџетот.

И покрај негативните економски вести, американските потрошувачи се очекува да постават нов рекорд со купување преку Интернет во понеделникот кога трговците даваа големи снижувања на цените пред Божиќ.

XS
SM
MD
LG