Линкови за пристапност

Американскиот Врховен суд разгледува случај што може да има влијание на колеџи и универзитети кои ја употребуваат расата како фактор при примање на студенти.

Се работи за случај поднесен од бела жена која вели дека не била примена на универзитет во Тексас заради политика на училиштето во која е инкорпорирана расата како фактор за прием.

Прашањето е поврзано со таканаречената афирмативна акција, што е контроверзнa група на американски закони и регулатива првично дизајнирана да обезбеди еднаква можност за секого и еднаков третман без оглед на расата, бојата, религијата, полот или националното потекло.

Терминот „афирмативна акција“ за прв пат бил употребен од американскиот претседател Џон Ф. Кенеди во извршна наредба од 1961. Во текот на годините мерките на афирмативната акција биле зајакнувани и ослабувани.

Две од најзначајните одлуки кои ги засегаат колеџите и универзитетите дојдоа во 1978 и 2003.

Во случајот од 1978, Врховниот суд поништи системи на квоти, како онаа што беше во сила во училиштето West Coast. Но судот тогаш ја потврди легалноста на афирмативната акција во поширока смисла.

Во 2003, високиот суд го потврди правото на универзитетите да ја користат расата како фактор за постигнување диверзитет. Случајот беше изведен од пракса на Универзитетот на Мичиген.

Кевин Браун, стручњак за раса и образование на Универзитетот Индијана, вели дека одлуката на Врховниот суд може да има меѓународни импликации:

„Знам многу земји со програми на афирмативна акција кои гледаат во САД да го применат нивниот пример“.

Браун вели дека очекува високиот суд да донесе одлука со која во голема мерка ќе се намали влијанието на афирмативната акција во државата.

Тој вели дека многу американски колеџи и универзитети веќе се оддалечиле од програми за прием засновани на расата.
XS
SM
MD
LG