Линкови за пристапност

Случај „Пуч“: отворени прашања и дилеми

  • Борјан Јовановски

Јавното обвинителство, партии и аналитичари коментираат на објавувањето на снимката од разговорот Груевски - Заев

Објавувањето на видео-снимката од средба меѓу премиерот Никола Груевски и водачот на опозицијата Зоран Заев предизвика реакција на Јавното обинителество.

„Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, согласно своите овластувања ќе изврши проверки во врска со фактите и околностите под кои материјалите од средбата помеѓу Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски и лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Зоран Заев, дошле до медиумите“, соопшти Обвинителството.

Јавното обвинителство на Република Македонија цени дека е неопходно да нагласи дека објавувањето на материјали кои што може да станат предмет на натамошната кривична постапка е забрането и казниво со Закон. Затоа, предупредуваме веднаш да запре објавувањето и емитувањето на ваквите материјали.

Соопштението наведува дека објавувањето на материјали коишто може да станат предмет на натамошната кривична постапка е забрането и казниво со Закон. Во врска со тоа, Обвинителството предупредува „веднаш да запре објавувањето и емитувањето на ваквите материјали“ и додава дека упатило „барање до МВР на РМ да стапи во контакт со мрежата на која што беше објавен материјалот за негово отстранување како и отстранување на сите слични материјали кои би се појавиле во иднина“.

По ова соопштение, следеше следеше ескпресна реакција на СДСМ. Партијата постави прашање „дали соопштението на Јавното обвинителство кажува дека Груевски нарачал следење и прислушување на претседателот Заев, со тоа што обвинителството го спречи емитувањето на видео-материјалот? Бидејки забрана за емитување видео-материјали може да има само ако се тие обезбедени со посебни истражни мерки“. Најголемата опозициска партија во Македонија смета дека „Јавното обвинителство треба да даде одговор дали Груевски нарачал следење и прислушување на претседателот Заев и по кој основ бил следен и прислушуван претседателот на СДСМ“.

Дали соопштението на Јавното обвинителство кажува дека Груевски нарачал следење и прислушување на претседателот Заев, со тоа што обвинителството го спречи емитувањето на видео-материјалот? Бидејки забрана за емитување видео-материјали може да има само ако се тие обезбедени со посебни истражни мерки.

Социјалдемократскиот сојуз го повика Обвинителството да и` објасни на јавноста по кој член и на кој закон се однесува нивното предупредување во вечерашното соопштение.

„Доколку Јавното обвинителство тоа не го прецизира, тогаш само ќе се потврди дека обвинителството за своето соопштение добило насоки од еден ист центар, што ги злоупотребува институциите на системот“, се вели во соопштението на СДСМ.

Ставот на Обвинителството предизвика и реакции и дилеми во јавноста за тоа дали на овој начин се спречуваат медиумите да објавуваат материјали, со што пак би се повредила слободата на изразување како фундаментално право. Во врска со ова, д-р Слаѓана Тасева, претседателка на Транспаренси интернешенал во Македонија, за Гласот на Америка коментира: „Обвинителството избегнува да даде јасен став во однос на снимката од премиерскиот кабинет. Наместо тоа, се огласи со став дека објавувањето на информации кои би биле предмет на некаква евентуална идна постапка е казниво и недозволено. Овој став обвинителството мора подетално да го објасни и да наведе случаи во кои конкретно би било недозволиво и казниво, а во кои не, објавувањето информации и снимки кои можат да бидат дел од некаква евентуална и идна судска постапка“.

Обвинителството избегнува да даде јасен став во однос на снимката од премиерскиот кабинет. Наместо тоа, се огласи со став дека објавувањето на информации кои би биле предмет на некаква евентуална идна постапка е казниво и недозволено. Овој став обвинителството мора подетално да го објасни и да наведе случаи во кои конкретно би било недозволиво и казниво, а во кои не, објавувањето информации и снимки кои можат да бидат дел од некаква евентуална и идна судска постапка.

Во овој контекст, Тасева наведува други случаи: „На пример дали беше казниво нашето објавување на информациите за корупцијата во Телекомот - ТИ Македонија ги објави имињата на фирмите и името на бизнисменот Контоминас вклучени како посредници во корупција за која постојат и други официјални информации. Тоа не само дека може, туку и треба да да биде дел од судска постапка која обвинителството не ја води. Дали објавувањето на овие информации е забрането и казниво?“.

„Дали нивниот став значи и дека не треба да постои истражувачко новинарство? Се разбира, за тоа постојат професионални правила кои треба да се почитуваат, но постои обврска обвинителството да делува по допрен глас. Пријавувачите во секој случај треба да бидат заштитени. Ставот на обвинителството, објавен вчера, уште еднаш фрла голем сомнеж врз објективноста, непристрасноста и законитоста на работењето на јавното обвинителство, за кое од поодамна владее мислење дека станува дел од проблемот на загрозувањето на владеењето на правото, наместо негов заштитник“, коментира Тасева.

Се огласи и Хелсиншкиот комитет за заштита на човековите права.

„Апсурдно е што Основното Јавно Обвинителство, имајќи ги предвид досегашните информации за случајот „Пуч“ и видео-снимките од разговорот Груевски-Заев, не соопштува дали има намера и дали нешто презема во врска со материјалот во кој наводно се говори за сериозен криминал и корупција извршен од страна на високи државни функционери“, реагираше Хелсиншкиот комитет.

Апсурдно е што Основното Јавно Обвинителство, имајќи ги предвид досегашните информации за случајот „Пуч“ и видео-снимките од разговорот Груевски-Заев, не соопштува дали има намера и дали нешто презема во врска со материјалот во кој наводно се говори за сериозен криминал и корупција извршен од страна на високи државни функционери.

Комитетот ја подвелече и уставната гаранција за заштита на слободата на јавно информирање, слободниот пристап кон информациите и слободата на примање и пренесување информации.

Според Комитетот, делот во соопштението на Обвинителството којшто се однесува токму на овие слободи е симптоматичен и може да се толкува како начин за спречување на понатамошно разоткривање на кривични дела чиешто расветлување е од особен интерес, а е должност на секој и согласно членот 273 од Законот за кривичната постапка - Пријавување на кривични дела, каде што е утврдено дека секој треба да пријави кривично дело за кое се гони по службена должност.

Објавата на снимката од разговорот на Груевски со Заев наиде на препукување меѓу двете најголеми партии.

Сега Јавното обвинителство е на потег. Ајде да видиме како ќе постапи кога станува збор за Никола Груевски. Груевски треба да одговори од кога е следен лидерот на опозицијата, Зоран Заев?

Социјалдемократите најавија тужба против Никола Груевски. Според СДСМ, согласно член 151 и член 152 од Кривичниот законик, неовластено прислушување и снимање не е дозволено, што значи дека Никола Груевски го прекршил законот.

„Сега Јавното обвинителство е на потег. Ајде да видиме како ќе постапи кога станува збор за Никола Груевски. Груевски треба да одговори од кога е следен лидерот на опозицијата, Зоран Заев? Претседателот на СДСМ јавно соопшти дека уште за време на криминалните избори минатата година, во разговор со Никола Груевски побарал одговори дали е следен и дали е под посебни мерки од МВР?“, изјави Патар Шилегов од СДСМ.

Живи се фатени во нивното сценарио кое што е на штета на државата. Паниката и стравот на лицето на Зоран Заев и на лицето на Петре Шилегов не може да се скрие.

Од ВМРО-ДПМНЕ одговорија дека социјалдемократите се во паника бидејќи се фатени на дело дека соработуваат со странски разузнавачки служби.

„Живи се фатени во нивното сценарио кое што е на штета на државата, соопшти ВМРО-ДПМНЕ“ и констатира дека „паниката и стравот на лицето на Зоран Заев и на лицето на Петре Шилегов не може да се скрие“.

Партијата наведува дека уште во текот на вчерашниот ден пратила соопштение, повикувајќи ги надлежните институции да откријат од каде се актуелните снимки, дали смее да се објавуваат, кој го сторил тоа и дали е од законски издадени ПИМ мерки или не, и за што станува збор.

„ВМРО-ДПМНЕ ги повика надлежните институции да го истражат темелно и случајот Пуч, да видат кој снима и кој се користи со такви материјали за закана кон носители на државна функција, во соработка со странски служби, има судска постапка и ние како партија остануваме со став дека и партиите и медиумите во врска со овој случај треба да се однесуваат одговорно и професионално и во рамки на Уставот и законите и демократските стандарди, за да не се дозволи намерата на тие што се инспиратори и креатори на овој случај да се реализира“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

XS
SM
MD
LG