Линкови за пристапност

Во исчекување на „детонацијата“

  • Синиша Станковиќ

Не стивнуваат реакциите за акцијата „Пуч“, ообено за изјавата на Јавното обвинителство, и пораките со загриженост за ситуацијата во Македонија

Откако амбасадорите на државите од ЕУ и на земјите-членки на НАТО во Македонија одржале состанок на којшто ја изразиле својата сериозна загриженост за новонастанатата ситуација, разгледувајќи ги, според изворите на Алсат – М, последиците коишто можат да произлезат од неа, повикувајќи ги македонските институции да ги истражат сериозните обвиненија во транспарентен процес, во согласност со меѓународните стандарди и со почитување на принципот на презумпција на невиност, реагираа Амбасадата на САД и амбасадорот на Велика Британија во Скопје.

Слободните медиуми се столб на едно демократско општество и медиумите играат клучна улога во презентирањето на информации од јавен интерес, вклучувајќи и информации кои би можеле да укажуваат на злоупотреба на власта и да резултираат со кривични постапки против јавни личности. Загрижени сме дека медиумите во Македонија може да ја толкуваат изјавата на Јавното обвинителство како истата да значи дека тие не треба да ја играат оваа значајна улога.

Амбасадата на САД изрази загриженост по повод соопштението на Јавното обвинителство од 3-ти февруари дека „објавувањето на материјали кои може да станат предмет на натамошна кривична постапка е забрането и казниво со закон“.

„Слободните медиуми се столб на едно демократско општество и медиумите играат клучна улога во презентирањето на информации од јавен интерес, вклучувајќи и информации кои би можеле да укажуваат на злоупотреба на власта и да резултираат со кривични постапки против јавни личности. Загрижени сме дека медиумите во Македонија може да ја толкуваат изјавата на Јавното обвинителство како истата да значи дека тие не треба да ја играат оваа значајна улога“, пишува во соопштението на американската амбасада. САД преку соопштението ги повикуваат македонските власти да излезат со јасно правно објаснување за изјавата на Јавното обвинителство, и бараат конкретно определување на околностите во коишто една информација мора да се третира како службена тајна.

Медиумите имаат важна улога во објавувањето на информациите од интерес на јавноста. Обединетото кралство е загрижено поради изјавата на македонското Јавно обвинителство дека „објавувањето на материјали кои може да станат предмет на натамошна кривична постапка е забрането и казниво со закон“.

„Владеењето на правото, слободата на изразување и транспарентноста се основните вредности на едно општество. Медиумите имаат важна улога во објавувањето на информациите од интерес на јавноста. Обединетото кралство е загрижено поради изјавата на македонското Јавно обвинителство дека `објавувањето на материјали кои може да станат предмет на натамошна кривична постапка е забрането и казниво со закон`. Според Европската конвенција за човекови права, секое ограничување на слободата на изразување мора да биде сразмерно и со легитимна цел“, стои во ставот на британскиот амбасадор во Македонија, Чарлс Герет, којшто што го пренесоа македонските медиуми.

По реакциите на изјавата на Обвинителството од Здружението на новинари, од Самостојниот синдикат на на новинарите на Македонија и од Центарот за развој на медиумите, коишто најостро ги осудија заканите за кривичен прогон на новинарите, се огласи и Македонскиот институт за медиуми со оценка дека “повикот на Јавното обвинителство да не се објавуваат материјали коишто можат да станат предмет на кривична постапка во т.н. случај „Бомба“ претставува обид за воведување експлицитна цензура во медиумите и во јавноста и придонесува за дополнително нарушување на слободата на медиумите и изразувањето”.

И додека акцијата „Пуч“ само дополнително ги продлабочи разликите и конфронтациите меѓу партиите на власта и на опозицијата и меѓу провладините и ретките проопозициони медиуми, реакциите на овој настан покажаа дека во Македонија постои крајна антагонизираност и на правните експерти и на невладиниот сектор.

Тешко е да се има доверба во тоа дека обвинувањата ќе се истражуваат непристрасно, кога тие обвинувања дојдоа од премиерот, а не од судската власт и во случајот би можеле да го прејудицираат исходот на истрагата.

Лесно забележливи се и разликите во оценките за настанот кои доаѓаат од Европа. По средбата со заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, поранешниот известувач за Македонија од Европарламентот, Ричард Ховит, изјавил дека е “тешко е да се има доверба во тоа дека обвинувањата ќе се истражуваат непристрасно, кога тие обвинувања дојдоа од премиерот, а не од судската власт и во случајот би можеле да го прејудицираат исходот на истрагата... Не е на нас да пресудиме за случајот, но мојата група изразува сериозна загриженост дека презумцијата на невиност можеби не е почитувана и за тоа дека обидите за рестрикција за известување за случајот, може да бидат толкувани како обид за прикривање”, стравува Ховит.

Почитувањето на владеењето на правото е суштински поврзано со почитувањето на демократијата и фундаменталните права. Затоа, ги осудувам обвинувањата на Зоран Заев, претседател на СДСМ и го повикувам да ги преиспита неговите обвинувања кон Владата на Македонија, бидејќи никој не може да биде осуден, освен ако е обвинет врз основа на законот.

Сосема спротивно, претседателот на Европската народна партија - ЕПП во Советот на Европа, Педро Аграмунт, изразил загриженост во врска со последните настани во Република Македонија, особено, како што вели, во однос на неодговорното однесување на политичката опозиција.

„Почитувањето на владеењето на правото е суштински поврзано со почитувањето на демократијата и фундаменталните права. Затоа, ги осудувам обвинувањата на Зоран Заев, претседател на СДСМ и го повикувам да ги преиспита неговите обвинувања кон Владата на Македонија, бидејќи никој не може да биде осуден, освен ако е обвинет врз основа на законот“, се вели во изјавата на Аграмунт, којашто ја пренесоа македонските медиуми.

Најновиот скандал во кој тие (опозицијата, н.з.) сакале да ја дестабилизираат Владата со нелегално прислушување на премиерот е целосно неприфатлив и непознат за демократијата. Разговарав со многу од моите колеги во Европарламентот и сите го делат ова мислење.

Според него, политичкото однесување за постигнување нелегитимни цели не е прифатливо во која и да е форма или облик на демократија.

„Заканите од страна на лидерот на опозицијата кон премиерот на Македонија Никола Груевски не се соодветни за да изрази коректна критика кон власта... Не може да постои демократија и почитување на фундаменталните права, без почитување на владеењето на правото и обратно“, изјавил Аграмунт, според МИА.

И европарламентарецот Милан Звер од групата партии сродни на ВМРО-ДПМНЕ смета дека по толку години слушање за успешниот развој на Македонија и по „величествената победа на партијата на премиерот Груевски“, опозицијата почнала да користи „необични потези за демократијата, вклучувајќи го и бојкотот на работата на законодавниот

Корените ги гледам во авторитарниот режим на Груевски кој систематски ја оддалечува Македонија од демократските правила во последните девет години.

процес. Најновиот скандал во кој тие сакале да ја дестабилизираат Владата со нелегално прислушување на премиерот е целосно неприфатлив и непознат за демократијата. Разговарав со многу од моите колеги во Европарламентот и сите го делат ова мислење“, изјавил Звер, според Утрински весник.

За разлика од него, политикологот Флоријан Бибер од Центарот за Југоисточна Европа при универзитетот „Карл Франценс“ во Грац, Австрија, за Дојче веле оценил дека корените за ваквиот развој на ситуацијата во Македонија се во „авторитарниот режим на премиерот Груевски, кој систематски ја оддалечува Македонија од демократските правила во последните девет години“.

Иако откажувањето на посетата на директорот на Директоратот на Европската унија за Западен Балкан, Кристијан Даниелсон, којашто требаше да биде подготвителна за посетата на еврокомесарот Јоханес Хан, медиумите во Скопје ја доведуваат во врска со политичката криза, посетата на Македонија на 16-ти февруари се` уште е на агендата на еврокомесарот.

XS
SM
MD
LG