Линкови за пристапност

Клинтон ги одушеви делегатите на конвенцијата


Поранешниот претседател Бил Клинтон беше примен како херој во средата навечер кога се обрати до нацијата во поддршка на претседателот Барак Обама на Демократската национална компанија.

Тоа беше ноќ на драма на Демократската национална конвенција, мешавина од минатото , сегашноста и иднината.

Поранешниот претседател Бил Клинтон ги крена делегатите на нозе неколку пати со агресивното бранење на четирите години на функција на претседателот Обама и со критикување на републиканскиот противник Мит Ромни.

Клинтон ја бранеше работата на Обама во областа на креирање на работни места, надворешната политика и законот за реформа на здравството, и сето тоа спротивставено на ставовите на републиканците.

Клинтон ги потсети демократите дека некои проминентни републиканци уште на почетокот на мандатот на претседателот Обама ветиле дека неговото соборување ќе биде нивни главен приоритет:

„Приоритет број еден не беше да се стави Америка на работа. Беше - да се извади претседателот од работа“.

Бил Клинтон ги поттикна демократите да се соберат околу Обама за изборите кои се очекува да бидат тесни. Тој кажа дека Американците мора да го направат вистински избор наредниве денови:

Ако сакате општество во кое ‘победникот зема се’, треба да го поддржите републиканското ливче. Ако сакате држава на можности за сите, општество во кое ‘сите сме заедно во ова‘, треба да гласате за Барак Обама и Џо Бајден.

„Ако сакате општество во кое ‘победникот зема се’, треба да го поддржите републиканското ливче. Ако сакате држава на можности за сите, општество во кое ‘сите сме заедно во ова‘, треба да гласате за Барак Обама и Џо Бајден.“

Делегатите беа одушевени од говорот на Клинтон, на кој по завршувањето на кратко му се придружи на сцената претседателот Обама. Откако се прегрнаа, двајцата заедно ја напуштија сцената, што беше врв на конвенцијата до четврток кога претседателот ќе го има својот говор со кој ќе ја прифати номинацијата.

Организаторите планираа претседателот да зборува на стадион, на отворено, но заканата од лошо време ги натера да се поместат внатре, во сала за конвенции.

Аналитичарите очекуваат говорот на претседателот да се фокусира на економијата, што е јасна главна тема на овогодишната кампања.

По конвенциите, крајната фаза на кампањата на претседателот се дебати на кандидатите, што започнуваат на 3 октомври.
XS
SM
MD
LG