Линкови за пристапност

Расте довербата кај конзументите во САД


Расте довербата кај конзументите во САД

Расте довербата кај конзументите во САД

Довербата на потрошувачите во САД достигна највисоко ниво за последните неколку месеци во декември, можеби заради подобрениот пазар на работни места.

Податоците во вторникот дојдоа од Конференцискиот борд, приватна истражувачка група во Њујорк.

Експертите ја следат довербата на потрошувачите заради знаци кои упатуваат на потрошувачката на конзументите што движи најголем дел од економската активност во САД.

Одвоен извештајод вторникот покажува дека цените на домовите во САД паднале во најголем дел на градовите, втор месец по ред.

Слабиот растеж на пазарот на работни места, построги стандарди за давање заеми, и грижите дека цените на домовите може и натаму да паѓаат, одвраќаат некои перспективни купувачи. Американската централна банка има само делумен успех во поттикнување на продажбата на домовисо рекордно ниски каматни стапки.

Американската влада ќе дојде до својот законски лимит на позајмување од 100 милијарди долари подоцна неделава, а претседателот се очекува да побара 1,2 трилиони долари зголемување на должничкиот лимит.

Тоа ќе го зголеми лимитот на задолжување од малку под 15,2 трилиони, на нешто помалку од 16,4 трилиони.

Како дел од спогодбата со која заврши голема политичка битка во врска со лимитот на долгот, лимитот ќе биде зголемен освен ако двата дома на Конгресот усвојат закон со кој ќе го блокираат потегот.

XS
SM
MD
LG