Линкови за пристапност

Кендис Милер се надева дека Македонија и Црна Гора ќе бидат примени во НАТО на наредниот самит

Од лево на десно: амбасадорот на Република Македонија Зоран Јолевски, амбасадорката на Босна и Херцеговина Јадранка Негодиќ, конгресменката Кендис Милер, амбасадорот на Грузија Арчил Гегешидзе и заменикот-амбасадор на Косово Сами Кастрати

Конгресменката се сретнала со македонскиот амбасадор Зоран Јолевски и неговите колеги од другите земји од Југоисточна Европа - аспиранти за членство.

Кендис Милер, која е на чело на групата Конгресмени пријатели на Македонија и македонски Американци, вчера се сретнала со македонскиот амбасадор Зоран Јолевски и неговите колеги од неколку други земји од Југоисточна Европа - аспиранти за членство во НАТО.

Според кусото соопштение од канцеларијата на конгресменката, инаку републиканка од Мичиген, таа со амбасадорите на Македонија, Босна, Црна Гора, Косово и Грузија разговарала за проширувањето на НАТО на претстојниот самит на Алијансата.

„Наголемо се надевам дека на претстојниот самит, Македонија и Црна Гора ќе станат целосни членки на Алијансата а другите ќе бидат прифатени како можни кандидати“, изјавила Милер.
XS
SM
MD
LG