Линкови за пристапност

Владата била затворена и порано


Ова е 18-ти пат од 1976 наваму, и состојбата траела најдолго 21 ден.

Американската влада престана со работа откако обата дома во Конгресот не успеаа да се договорат за документот што ќе овозможи работа на владата по 1-ви октомври.

За време на затварањето на владата, федералните работници кои не се сметаат за неопходни се привремено отпуштени од работа, а многу владини програми се прекинати. „Неопходните“ вработени се дефинирани како такви што изведуваат должности критични за националната одбрана, јавното здравје и безбедноста, или други критични операции.

Ова не е прв пат заради неможноста законодавците да се договорат, владата да мора да се оддржува на минимум оперативна способност. Ова е 18-то по ред затварање на владата од 1976-та наваму. Најдолгото, траеше 21 ден, во 1995-та и 1996-та, за време на администрацијата на претседателот Бил Клинтон.

Пред 1980-те години, доколку Конгресот не можеше да изгласа буџет, федералната влада можеше да функционира во нормала.

Но во 1980-та, последната година на претседателствувањето на Џими Картер, тогашниот Генерален правобранител Бенџамен Цивилети објави мислење каде се вели дека владата не може да продолжи да работи додека Конгресот не се согласи да ја финансира. Тој подоцна појасни дека „неопходните“ владини служби ќе можат да продолжат со работа без изгласување на буџетот за наредната година.

За време на мандатот на претседателот Роналд Реган од 1981 до 1989, престанокот на работата на владата беше честа појава, но ниту еден не траел повеќе од три дена и повеќето од нив се случија за време на викенд.

Што подолго трае прекинот, повеќе ќе чини.

Според Канцеларијата за контрола и буџет, двете затварања на владата во 1995-та и 1996-та, ја чинеле економијата 1,4 милијарди долари. Според Истражувачкиот центар Пју, заради инфлација, тоа во денешни услови би било 2,1 милијарда долари.
XS
SM
MD
LG