Линкови за пристапност

Протест со седење на под во Конгресот


Демократите протестираат за контрола на оружјето, а републиканците ја прекина работата до петти јули

Соочени со демократите во Претставничкиот дом, кои 16 часа протестираа, седејќи на под во Конгресот, со барање да се гласа за регулатива за контрола на оружјето, републиканците утрово гласаа за прекин на работата до петти јули.


Протестот почна вчера, предводен од конгресмен од Џорџија Џон Луис, херој на движењето за граѓански права од 1960-те години, кој се бореше против расната сегрегација во јавни објекти.

Кога демократите одбија да се разотидат, републиканците ја прекинаа работата на седницата и емитувањето во живо.

Демократите возвратија со лансирање сопствени емисии, преку користење мобилни апликации и Фејсбук во живо, што беше покриено од Си-Спен, кабелски телевизиски канал, кој ги пренесува конгресните седници.

Претседателот на Претставничкиот дом Пол Рајан ги оцени потезите на демократските законодавци како обид за зголемен публицитет.

XS
SM
MD
LG