Линкови за пристапност

САД ги обновија санкциите спрема Иран


Иран се заканува на повратна акција бидејќи смета дека тоа претставува прекшување на нуклеарниот договор

Иран се заканува на повратна акција откако Сенатот на Конгресот му даде финално одобрување за продолжување на законот за санкции на САД против Иран, за што законодавците од обете партии рекоа дека е критичен за спроведување на меѓународниот нуклеарен договор со Техеран.

И републиканците и демократите ја поддржаа мерката за време на финалната дебата во четвртокот.

Воведени пред две децении, санкциите имаа за цел адресирање на долготрајните грижи на САД спрема Иран, како неговата поддршка за меѓународниот тероризам. Делумно укинати согласно нуклеарниот договор имплементиран минатата година, законодавците рекоа дека санкциите треба да бидат на готовс.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Бахрам Гасеми, продолжувањето на санкциите го нарече прекршување на нуклеарниот договор. Тој додаде дека Иран докажал дека се придржува кон меѓународните договори и има соодветни реакции на сите ситуации. Гасеми не даде детали за тоа каков одговор подготвува неговата земја.

Експертот за Блискиот Исток во Американскиот ентерпрајс институт со седиште во Вашингтон, Метју Мекинис, кажа дека верува оти Иранците блефираат дека ќе преземат акција и дека тие се „мошне посветени на договорот“.

XS
SM
MD
LG