Линкови за пристапност

Конгресен договор за владиниот буџет


Еден трилион долари за непречена работа до септемри.

Преговарачите од Претставничкиот дом и Сенатот постигнале договор буџетот на федералната влада да изнесува еден трилион долари, со што таа ќе има средства до септември. Со договорот, потенцијално, се избегнува уште едно владино затворање.

Претседателот Барак Обама денес изјави дека „е мошне задоволен“ од спогодбата и го повика Конгресот без одлагање да ја изгласа.

Договорот доцна синоќа го објавија претседавачката на Сенатската комисија распределување на средствата, демократката Барбара Микулски и нејзиниот колега од Претставничкиот дом, републиканецот Харолд Роџерс.

Деталниот договор за владините трошоци доаѓа врз основа на компромисот за финансирање на владата во наредните две години, постигнат во декември меѓу Претставничкиот дом и Сенатот. За компромисот се преговараше откако владата во октомври беше затворена 16 дена.
XS
SM
MD
LG