Линкови за пристапност

Обама го номинираше следниот секретар за трговија


Обама го номинираше следниот секретар за трговија

Обама го номинираше следниот секретар за трговија

Американскиот претседател Барак Обама избра поранешен раководител на енергетска компанија да го номинира за следен секретар за трговија.

Обама во вторникот го номинираше бизнисменот Џон Брајсон да раководи со американскиот Оддел за трговија.

Ако биде потврден од Сенатот, приоритетите на Брајсон ќе вклучат зголемување на американскиот извоз и подобрување на врските со пазарите во подем. Тој ќе го замени Секретарот на заминување Гари Лок, кој беше именуван за следниот амбасадор во Кина.

Претседателот Обама Брајсон го нарече „жесток заложник“ за алтернативна енергија и на новинарите во Белата куќа им кажа дека номинираниот сфаќа што треба да направат САД за да се натпреваруваат во глобалната економија.

Брајсон бил поранешен раководител на Едисон Интернешенал со седиште во Калифорнија. Од компанијата се пензионирал во 2008, и сега служи на бордот на директори на неколку познати компании, меѓу кои Боинг и Волт Дизни.

XS
SM
MD
LG