Линкови за пристапност

Трамп го отпушти директорот на ФБИ Коми


Oбразложението е дека тој повеќе не бил во состојба ефективно да раководи со агенцијата

Американскиот претседател Доналд Трамп го отпушти директорот на Федералното истражно биро (ФБИ) Џејмс Коми, со образложение дека тој не бил веќе во состојба ефективно да раководи со агенцијата.

Белата куќа соопшти дека ќе бара нов директор на ФБИ "веднаш".

Разрешувањето на Коми било по препорака на генералниот правобранител Џеф Сешнс.

Директорите на ФБИ се именуваат за еднократен 10-годишен мандат. Педесет и шестгодишниот Коми беше назначен на функцијата пред четири години.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG