Линкови за пристапност

Приказите беа регистрирани од страна на Европската вселенска агенција и Опсерваторијата на сончевиот систем и хелиосферата на НАСА.

Астрономите набљудуваа комета којашто се движела кон Сонцето со неверојатни 2,1 милион километри на час.

Приказите беа регистрирани од страна на Европската вселенска агенција и Опсерваторијата на сончевиот систем и хелиосферата на НАСА, позната под кратенката СОХО.

Кометата се „нурнала“ во Сонцето во средата и четвртокот, соопшти НАСА.

Кометите се „делови од мраз и прашина што кружат околу Сонцето, обично преку мошне елиптични патеки што ги носат преку орбитата на Плутон до нивните најдалечни точки“.

НАСА вели дека оваа комета, за прв регистрирана на 1-ви август, била од семејството комети Крутц, што се одвоило од огромните комети пред стотици години.

Кометата немала никакво влијание врз Сонцето, но се свртила околу него со голема брзина, рекоа од НАСА. Сепак, најверојатно била распарчена по што исчезнала од силните струи близу Сонцето или неговата топлина и гравитација.

XS
SM
MD
LG